Државјанин на Албанија и малолетник од Скопје се приведени во скопското село Огњанци откако при полициска контрола кај нив се пронајдени пиштол и муниција.

На 05.11.2019 околу 15.42 часот во с.Огњанци, скопско, од слобода биле лишени А.М.(62) од Р.Албанија и малолетник од Скопје, бидејќи при преглед кај нив бил пронајден пиштол „танфољо“, калибар 9 мм, со една рамка и шест куршуми. Тие биле приведени во Полициското одделение Петровец и по целосно расчистување на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.