На 337 лица им се издадени решенија за изолација, а 62 лица потпишале изјави за самоизолација во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија.
Од страна на полициски службеници, информираа денеска од МВР, извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.
За споредба, во текот на претходното деноноќие (31.05/01.06.2020 година) на територијата на Македонија на 186 лица им се издадени решенија за изолација, а 52 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.
Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 585 прекршоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.