Едно лице загина, а две се повредени во сообраќајната несреќа што се случила вчера околу 15.30 часот во с.Железница, кратовско на пат од с.Туралево кон Кратово.
Како што соопшти МВР, патничко моторно возило „тико“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Љ.К.(50) од Кратово излетало од патот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починала сопатничката П.К.(72) од Кратово, а Љ.К. и сопатничката С.К.(48) од Кратово се здобиле со повреди и се пренесени во Медицински центар Куманово за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кратово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.