Жена е тешко повредена откако вчера околу 10.00 часот во неа налетало возило на бул.„Партизански одреди“.

Како што соопшти МВР, патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Н.(56) од Скопје, удрило во пешакот Ј.Д.(64) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ј.Д., констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.