Kафе барот Дежаву во Капитол мол во Скопје објави видео од една од своите безбедносни камери на кои се гледа како жена тепа и малтретира мало детенце, кое, веројатно има околу 2 години.
Таа дошла во игротеката на кафулето со три дечиња, веројатно братчиња. Во еден момент таа го влече едното од децата, па го зема, му мава шлаканици, па го фрла на стол. Изживувањето на жената, за која не се знае дали им е родител, роднина или дадилка на дечињата трае околу 4 минути.
Од игротеката апелираат со помош на ова видео надлежните органи да преземат мерки за да се идентификува и казни жената. Исто така, секој кој ја познава, да пријави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.