Вчера во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди здобиени од сообраќајна несреќа била донесена Е.С.(70) од Скопје, велат од МВР.

При разговор со повредената извршен од полициски службеници од СВР Скопје, таа изјавила дека околу 14.00 часот на ул.„Св.Кирил и Методиј“ била удрена од непознато возило, кое по несреќата го напуштило местото. Се работи на расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.