Во утринските часови на 26 ноември во скопската полиција бил пријавен случај на прегазен пешак.
Според пријавата, настанот се случил на улицата „Босна и Херцеговина“ во круг на скопска фирма, кога автомобил „Нисан“ управуван од Т.Ч.(35) од селото Побожје, удрил во пешак од Скопје.
Станува збор за 63-годишна жена со иницијали С.С. која со возило на итна медицинска помош била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде и биле констатирани тешки повреди, по што подоцна им подлегнала на повредите.
За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.