Во текот на вчерашниот ден полицијата добила пријава дека на крстосница од улиците „Македонско-косовска бригада“ и „Втора македонска бригада“, патничко возило удрило во повозрасна жена по што го напуштило местото на незгодата.

М.Ј.(74) од Скопје, се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.