Автомобил „Tојота корола“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(34) од Битола, удрило во пешакот Љ.Т.(70) од Битола.
Несреќата, информира МВР, се случила вчера попладне на улицата „Довлеџик“ во Битола.
Во незгодата, Љ.Т. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош, велат од МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.