На 19.09.2020 во 13.20 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосница кај с.Тработилиште, делчевско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со штипски регистарски ознаки, управувано од С.П.К.(41) и патничко возило „пежо“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Ј.(82), и двајцата од Пехчево.
По незгодата, сопатничката од патничкото возило „пежо“, Г.Д.(54) од Пехчево била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, за укажување на лекарска помош – информираат од МВР.
За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициска станица Делчево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.