Земјотрес со јачина од 2,6 степени со епицентар кој потекнува од струмичкото подрачје е регистриран денеска во 9 часот и 48 минути.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утрово соопшти дека епицентарот бил 127 километри југоисточно од Скопје во епицентралното подрачје Струмица.

Земјотресот е почувствуван од населението во Струмица и околината со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.