Вчера во 12:35 часот било пријавено дека на патниот премин Сарај – Кондово, на железничката пруга Скопје – Тетово, се случила железничка незгода во која учествувале локомотива ТМД-Рабел управувана од Ќ.Ќ.(56) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(41) од Скопје.

Во незгодата со повреди се здобил возачот на возилото, по што бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош.

Железничкиот сообраќај бил во прекин до 14.55 часот, а увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР-Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.