Обвинителите Ленче Ристоска и Трајче Пеливанов денеска во Кривичен суд даваат заврши зборови за случајот „Таргет Тврдина“, кое се однесува за масовното прислушкување од УБК од 2008 до 2015 година.

Тие објаснија како се правело прислушвањето во УБК, како се обезбедени докази како и на дел од сведочењата на сведоците кои работеле во Управата.

Обвинителството истакна дека тогашниот директор на УБК, Сашо Мијалков имал можност од својата канцеларија нелегално да слуша разговори, без судски налог.

Постоеле кориснички имиња со кои можеле директно од канцелариите да слушаат разговори. Г.Г. било корисничко име за Горан Грујевски, Н.Н. за обвинетата началничка Надица Николиќ, а имало и корисничко име „директор“, а тогашен директор на управата е Сашо Мијалков, појаснија обвинителите.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.