Денеска во 08:15 часот во Полициска станица Струмица било пријавено дека во село Вељуса тој го нападнал со остар предмет соселанецот Н.К.

Осомничениот, откако дошла полицијата да го расчисти случајот, се затворил во својот дом и по десет часови Д.Г. е приведен и се наоѓа во Полициската станица во Струмица.

Портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, го потврди настанот и приведувањето на осомничениот и додаде дека во текот на утрешниот ден полицијата ќе соопшти повеќе детали.

Според информации на МИА од очевидци од селото Вељуса осомничениот е уапсен откако полицијата употребила димни бомби.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.