Тетовскиот затвор е полуотворен. Секој затвореник пред да добие правосилна пресуда, престојува во просториите за прилагодување. Екипата на ТВ21 во својата репортажа од Тетово разговара со затвореници од затворениот дел. Затворениците велат дека деновите течат бавно, но додаваат дека условите се добри.

Во моментов состојбата е подобрена во затворот во Тетово. Веќе три месеци е подобро, за разлика од порано кога беше навистина лошо. Ни овозможија и телевизор, нѐ пуштаат да прошетаме по еден и пол или два часа и толку. Имаме една соба за спиење, една соба за телевизор, кој порано го немавме, вели затвореник кој првпат е во затвор.

Човекот претходно лежел во затворот во Шутка, а откако го преместиле во тетовскиот затвор, вели се преродил.

Како не можам да направам спроредба. Слободно можам да кажам дека тука ми изгледа како хотел со 5 ѕвездички, како кога си во Анталија. Таму храната беше катастрофа, и собите беа во катастрофална состојба. Кога дојдов тука беше како да се родив по вторпат, бидејќи првпат сум во затвор.


Целата сторија од тетовскиот затвор на ТВ21



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.