Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, ЕНТ ОНТЕМ и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска сопреле две патнички моторни возила и при извршениот преглед кај Н.М. (40) пронајдени се 200 куршуми калибар 7,62, а во другото возило кај лицето Е.Х. (48) пронајдени се 100 куршуми калибар 9мм.

Лицата се приведени и против нив ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 396 од КЗ на РСМ.

Во координација со Секторот за оружје при Одделот за граѓански работи извршена е контрола во цивилно стрелиште во Гази Баба, за кое е утврдено дека вршело неовластена продажба на муниција.

Приведено е одговорното лице И.Р. (41) и против него ќе биде поднесена кривична пријава, а стрелиштето ќе биде запечатено.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.