СВР Охрид поднел кривична пријава против Н.С.(52) од Охрид, кој е осомничен за сторени кривични дела „измама“ и за „злоупотреба на лични податоци“.

Н.С. во периодот февруари-април оваа година, во втреме кога издржувал казна затвор во Затворот во Штип, со намера да стекне со противправна имотна корист, преку лажен фејсбук профил, остварил контакт со Г.П. од Охрид и доведувајќи го во заблуда, го убедил да обезбеди валидни лични податоци и документи од трето лице, кои подоцна ги злоупотребил за подигнување кредит од финансиско друштво кое се занимава со издавање брзи кредити – информираат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.