Затвореник од Идризово се јавил во угостителски објект во Делчево велејќи дека му се родил син и дека сака да прави прослава. Тој го замолил сопственикот да плати за тортата и огнометот, а кога почнале со подготовка на менито сопственикот го барал пријавениот, но не го добил и заклучил дека бил измамен.
Полицијата поднесе кривична пријава против Б.А. (33) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”.
Според информациите на МВР, Б.А., кој бил на отслужување затвор во КПУ „Идризово”, на 20 февруари телефонски се јавил во угостителски објект во Делчево и побарал да организира прослава затоа што му се родил син.
По кратко време, повторно се јавил на сопственикот на угостителскиот објект и го известил дека бил во болница и го замолил да даде пари за огномет и торта, а подоцна тој ќе плател.
По кратко време кај сопственикот дошол таксист, кој ги земал парите за торта и огномет.
Подоцна, кога почнале со подготовка на менито, сопственикот го барал пријавениот, но не го добил сватил дека бил измамен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.