Вчера вработен во Казнено поправна установа „Идризово“ пријавил дека околу 15 часот во КПУ „Идризово“, затвореникот Г.Н. (45) од Кавадарци, се обидел да се обеси со ремен, но од страна на други затвореници ременот бил отстранет.
На пат кон комплекс клиники „Мајка Тереза“ Г.Н. починал.
Известен е јавен обвинител, кој наредил обдукција на телото на починатиот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.