Гостиварската полиција го пронајде и уапси затвореникот кој во ноември минатата година избега од затворот во Идризово.

Вчера околу 13.00 часот полициските службеници го лишиле од слобода Ф.Р.(47) од село Речане, гостиварско. Потерницата од Казнено-поправната установа „Идризово“ била распишана во ноември 2018 година.

Ф.Р. бил приведен во Полициската станица Гостивар, по што бил спроведен во Казнено-поправниот дом „Идризово“ за доиздржување на затворската казна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.