Почина осуденик во казнено-поправната институција Затвор – Штип, потврдува директорот, Мики Тодоров.
Станува збор за возрасно лице, кое вчера со возило на Итната медицинска помош било однесено во Клиничката болница во Штип на Интерно одделение, каде останало неколку часа, а утринава е отпуштено.
Осуденикот починал само што бил вратен во Затворот и за тоа биле известени екипи на Итната медицинска помош, кои констатирале смрт.
Тодоров соопшти дека за смртта на осуденикот е известен и СВР Штип, а според сите документи со кои располагаат во однос на здравствената состојба на лицето, не е дадено наредба да се изврши обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.