Затворени седум локали во Скопје што не ја почитуваа мерката на Владата, соопшти вечерва Министерството за внатрешни работи.

СВР Скопје во координација со Државниот пазарен инспекторат денеска попладне (15.03.2020) презеде мерки за затворање локали во северниот дел од Скопје што не ја почитуваат одлуката на Владата. Затворени се вкупно седум локали. Локалите ќе бидат затворени до завршување на мерката која е донесена од страна на Владата, соопштија од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.