Локал во Куманово работел по дозволеното работно време, кое е ограничено на 21 часот поради корона пандемијата. Според билтенот на МВР на 13.02.2021 во СВР Куманово било пријавено дека во угостителски објект на ул.”Ѓорче Петров” во Куманово не се почитувале здравствените прописи за време на епидемија.
Полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола и било констатирано дека објектот работи по дозволеното време, а во објектот биле затекнати 9 гости, сопственикот А.Т.(43) и еден вработен. По целосно документирање на случајот против сопственикот ќе биде поднесена соодветна пријава, а од страна на Државниот пазарен инспектират објектот е затворен – велат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.