По две години и шест месеци затвор добија двајцата штипјани, кои брутално тепаа нивна сограѓанка, а чинот на тепање го снимија и го објавија на социјалните мрежи.

Судијката од Основниот суд во Штип, Јулијана Неткова денеска им ја изрече пресудата, откако двајцата признаа вина и се извинија за чинот кој го направија.

Настанот се случил пред во јануари годинава, кога во влез на зграда, двајцата насилници брутално ја удираа младата, 21-годишна штипјанка. Снимката се појави на социјалните мрежи на полетокот од месецов, по што тие беа веднаш уапсени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.