На затвореникот кој вчера почина во затворот во Шутка постмртно му бил дијагностициран коронавирус, соопшти на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Како што соопшти вчера МВР, во притворско одделение во Затвор Скопје бил пронајден починат А.Е.(47), од с.Горна Бела Црква, ресенско.
Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, а по наредба на Јавен обвинител, а телото е предадено за обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.