На новинарот Томислав Кежаровски нема да му се суди за случајот „Ликвидација“, поради застарување на кривичното дело за кое се гонеше, односно за откривање на идентитет на заштитен сведок.
Случајот „Ликвидација“ се однесува за предметот кој е поврзан со убиството на Лазар Милошевски од 2005 година во велешко Ореше. Вкупно осум лица беа осудени за различни кривични дела.
На денешното судско рочиште, обвинителката Марија Ѓорѓева го прецизираше обвинителниот акт, при што соопшти дека поголемиот дел од кривичната дела за кои се гонеа обвинетите се застарени.
Освен Кежаровски, судењето запира и за поранешниот истражен судија Валентина Зафиров и тоа за две кривични дела, за адвокатот Сашко Лазаров и за Јане Павловски Тица.
Едно кривично дело е застарено и за поранешниот обвинител Ивица Ефремов, но ќе продолжи да му се суди за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „неовластено држење на оружје“.
Ќе му се суди и на екс судијата Иле Танев за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Судијата Осман Шабани истакна дека судот ќе донесе решение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.