Педесетгодишен жител на Калишта, Струшко заработи кривична пријава за бесправно градење на автокамп и два помошни објекта на подрачјето на Струга.
Полицијата, како што соопшти МВР, поднесе кривична пријава против Б.К. (50) од село Калишта, Струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Како што наведуваат во текот на 2019, на подрачјето на Струга, пријавениот како сопственик и инвеститор, без добиена согласност и одобрение за градба, изградил автокамп и два помошни објекта
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.