Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до скопското Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против С.Р.(34) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144, став 4 од Кривичниот законик на РСМ.
Пријавениот на својот профил на социјалната мрежа “Фејсбук“, во текот на 29, 30 и 31 минатиот месец, објавил слики на високи претставници на Владата и лидер на политичка партија, проследени со коментари со заканувачки пораки. Од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика презмени се службени дејствија и идентификуван е корисникот на профилот – С.Р., односно констатирано е дека станува збор за профил којшто му припаѓа на пријавениот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.