Вчера во 11,15 часот во полиција било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со повреди здобиени од сообраќајна незгода била донесена А.Ц.(80) од Скопје.
Имено, истиот ден околу 10,45 часот на крстосницата од ул.„Кемал Сејфула“, ул.„Вуковарска“ и ул.„Емин Дураку“, жената била удрена од запрежна кола, управувана од засега непознато лице кое по незгодата го напуштило местото на настанот. На повредената ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.