Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера извршил увид на местото на кое 45-годишен жител на тетовското село Јанчиште, вчера во 13:30 часот го лишил од живот неговиот работодавец, 60-годишен државјанин на Кралството Холандија.
Настанот се случил во расадник во селото Прељубиште, сопственост на сега починатиот. Осомничениот, вработен во расадникот, најпрвин започнал вербална расправија, а потоа и физичка пресметка со работодавачот. Притоа тој му задал удар со камен во главата и му нанел смртоносни повреди.
Јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување на траги и нивно натамошно вештачење и наредба за обдукција на починатото лице, а одземени се и видео записи од мобилен телефон на очевидец на настанот. Осомничениот е лишен од слобода, а истрагата во обвинителството продолжува до целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.