Со пуштање на лантерни во воздух и оддавање почит на загинатите, стотина лица утрово околу 6 часот го започнаа меморијалниот марш од селото Ласкарци, каде пред една година се случи тешка сообраќајна несреќа во која загинаа 16, а беа повредени 35 лица.
Иницијативата за граѓанскиот марш ја покренаа група планинари и е поддржана од општина Гостивар. Според предвиденото, маршрутата е долга 55 километри, а предвидено е да заврши на градскиот плоштад во Гостивар во поладневните часови.
На 13 февруари 2019 година, во попладневните часови во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово, од коловозот излета автобус на компанијата „Дурмо Турс“ кој превезуваше патници на редовна линија од Скопје кон Гостивар.
Во несреќата животите ги загубија: Бобан Аврамовски, Трпана Јаневска, Дејан Ристоски, Онур Садику, Есат Емрули, Ајдин Исмаили, Раметула Абдураими, Валдете Хамити, Арсе Арсоски и Ерза Османи Јовица, Трпевски, Бесим Фетаи, Бејза Узеири, Зоран Давидовски и Павле Костоски.
Во тек е судски процес, во кој за несреќата осомничени се седум лица, од кои шест лица за „тешки дела против безбедноста и луѓето во имотот и сообраќајот“, а седмиот е обвинет за „несовесно работење во службата“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.