Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола денеска ( 20.02.2021), по претходно добиена судска наредба, извршија претрес во дом кај У.К. (34) во с. Граешница, битолско и Ш.К. (29) во с. Граешница, битолско.
При претресoт пронајдени и одземени се автоматска пушка, ловна пушка, сигнален пиштол, воздушна пушка, 60 куршуми за автоматска пушка, девет патрони за ловна пушка, марихуана, 566 семки канабис, како и други предмети.
Лицата се лишени од слобода и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветна кривична пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.