Полицијата вчера привела 36-годишен дилер од Куманово.

При претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени таблети, марихуана, семки од канабис, како и предмети кои ги набавил за подготовка на мини лабораторија за производство на марихуана – импровизирана направа наменета за производство и одгледување на растенија, вентилатори, рефлектори и друга опрема.

На 22 септември 2021 во 16:10 часот, полициски службеници од Одделот за Крим-полиција – Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода С.А. (36) од Куманово. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.