Жител на тетовска Мала Речица синоќа е приведен од полицијата поради поседување на речиси 28.000 парчиња пиротехнички средства

Тетовската полиција во објект на улица Илинденска, сопственост на 41-годишниот С.М. од Мала Речица, пронашла и одзела 27.594 парчиња разни пиротехнички средства – информираат од МВР.

41-годишникот е уапсен за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.