Министерството за внатрешни работи информираше дека на 02.07.2021 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во координација и содејство со Агенцијата за национална безбедност и СВР Скопје, при извршена контрола во помошни простории во зграда на ул.„Цветан Димов“ во Скопје, пронашле и заплениле автоматска пушка „калашников“, две рамки и 22 куршуми.
Извршен е увид, а пронајдените предмети се дадени на вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на случајот кој претставува кривично дело казниво по член 396 од Кривичниот законик, соопштија од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.