Полицијата вчера на неколку локации во Битола откри и одзема околу илјада парчиња пиротехнички средства, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

На 23.12.2021 во близина на Градскиот пазар кај Турската менза во Битола полициски службеници кај 50- годишниот А.Љ. од Битола пронашле и одземеле 415 разни видови пиротехнички средства. Истиот ден, во Градскиот пазар Битола кај И.Ц. од Битола биле пронајдени 374 парчиња огномети, а од Е.Р. од Битола одземени биле 66 парчиња. Во близина на Центарот за култура во Битола од Д.Б. биле одземени 26 парчиња пиротехнички средства, а од Ф. М. пред стоковна куќа биле одземени 71 парче пиротехнички средства, се вели во соопштението од МВР.

(фото: МВР)

По целосно расчистување на случаите, од МВР информираат дека ќе бидат поднесени соодветни пријави.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.