Во полициска акција во Прилеп во магацин од продавница се откриени пет илјади парчиња пиротехнички средства.

Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи и Полициската станица од Прилеп, постапувајќи по планот за откривање и санкционирање на продажба на пиротехнички средства, со судска наредба извршиле претрес во магацински простор од продавница, сопственост на М.К.(64), при што пронашле и заплениле околу 5.000 парчиња пиротехнички средства – информираат од МВР.

Лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Исто така, од импровизирана тезга во Градскиот пазар одземени се уште 1.000 парчиња пиротехнички средства, наменети за продажба за новогодишните празници, а А.В.(39) и А.О. (21) се лишени од слобода и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави – информираат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.