Денеска (16.12.2021) околу 07.00 часот, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Б.А.(21) од Штип, со живеалиште во с.Старо Балдовци, општина Босилово.
При претрес во неговото живеалиште, извршен со судска наредба, во дворот и внатре во куќата биле пронајдени и одземени марихуана, стебла од растението канабис и други предмети.
Известен е Јавен обвинител и по целосно документирање и расчистување на случајот против Б.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.