Во полициска акција во Гевгелија и Богданци уапсени се две лица коишто учествувале во трговија со дрога, а запленети се хероин, марихуана, кеш пари и средства за преработка и пакување на наркотиците.

Вчера на крстосница „Богородица“ на регионалниот пат Гевгелија – Богданци, полициска патрола ги уапсила Н.М. (33) и И.М. (48), двајцата од Гевгелија и Ѓ.Т. (46) од Богданци.

 

При контрола кај Н.М. и И.М. бил пронајден и одземен хероин, кој претходно го набавиле во Богданци, додека по обезбедена судска наредба, при претрес на дом и помошни простории во Богданци, кои ги користи Ѓ.Т., биле пронајдени и одземени хероин, две дигитални ваги со остатоци од хероин, марихуана, 37 семки канабис сатива, пари за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од извршеното кривично дело, разни предмети со остатоци од хероин и средства за употреба на опојна дрога – информираат од МВР.

Лицата се приведени во полициска станица, а во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.