По добиени оперативни сознанија, односно претходно спроведена истрага во врска со камион во кој пред околу еден месец се транспортирала марихуана, а излетал на патот Скопје-Велес, СВР Велес и СВР Скопје во текот на вчерашниот ден (15.12.2020) , запленија околу 100 килограми марихуана и приведоа три лица.

Како што информираат од МВР, на наплатната станица Сопот полициски службеници запреле возило „БМВ“ со скопски регистерски ознаки управувано од Ј.Б., а како сопатник бил неговиот брат С.Б. од село Горно Блаце. Возачот не застанал и се обидел да избега, при што оштетил полициско возило и срушил метален столб на Јавното претпријатије за државни патишта.

По дополнително преземени мерки, возилото е запрено и при тоа се лишени од слобода двете лица, а при извршениот преглед во возилото и во багажниот се пронајдени вреќи во кои имало околу 100 килограми марихуана.

Исто така, приведен е и М.И. од Визбегово, кој имал задача да го обезбедува транспортот на дрогата како т.н. „чистач“. При претрес во домот на Ј.Б. е пронајдена една полуавтоматска пушка, за што исто така ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 396 од КЗ.

Истрагата продолжува и се проширува и во координација со Основно Јавно обвинителството-Велес преземаме дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на инволвираност на други лица во вршење на кривичното дело.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.