Во атарот на Пехчево, на место викано „Амушкови чешми“, вчера настанал пожар пред викендицата во која престојувала К.М. од Пехчево.
Според пријавеното, таа запалила сува трева и смет, а поради временските услови пожарот се проширил и ја зафатил викендицата, а зафатил и поголема површина со борова шума. Притоа, К.М. се здобила со повреда на левата рака и и била укажана лекарска помош.
Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната против пожарна единица Берово, екипа од Шумско стопанство „Равна река“, екипа од Дирекцијата за заштита и спасување и други лица кои се затекнале на местото. Извршен бил увид на местото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.