Вчера во 19.50 часот во Полициската станица Прилеп, З.Б.(52) од Прилеп пријавил дека на ул.„Задарска“ во Прилеп било опожарено неговото патничко возило „шевролет“ со прилепски регистарски ознаки.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на Полициската станица Прилеп.

Се работи на расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.