Адвокатот на Јасна Мандиќ -Ерцеговиќ потпретседателката на Меѓународниот сојуз на Боки 13, денеска за медиумите истакна дека всушност таа била донесена во заблуда од страна на Боки 13.
Според истрагата која се води, таа е осомничена за помагање при извршување на кривичното дело „перење пари”. Во случајот Меѓународен сојуз осомничени се уште Бојан Јовановски, неговиот татко Миле, Христина Блажевска и Потпретседателката на собранието Фросина Ременски.
Душко Јанковиќ истакна дека Јовановски кроел план против Мандиќ-Ерцеговиќ кој таа не го знаела и открива дека по денешниот распит, Јасна добила решение за завршена истрага од страна на обвинителката Вилма Русковска.
Неспорно е дека е донесена во заблуда. Правнички речено, во стварна заблуда. Не само таа, туку и други биле донесени во заблуда. Кога не знаете дека некој позади вас има друг план и крои нешто друго, односно еве да речеме измама во овој предмет, тоа е стварна заблуда. Специјално ви кажувам за Јасна дека така е – рече Јанковиќ.
Адвокатот на Јасна Мандиќ-Ерцеговиќ која како што вели била доведена од заблуда од страна на Боки13, денеска откри и дека таа потпишувала документи, но таму стоеле потписи на повеќе членови во Меѓународниот сојуз.
Нејзиниот потпис го има во договорот со ‘Дрим билдинг’ и мислам дека и со ‘Пелистер’ бидејќи е координатор на проектот и дел од Меѓународен сојуз. Таму има повеќе имиња и презимиња кои се сведоци во постапката. Тоа е еден колегиум од пет особи од Меѓународниот сојуз кои потпишуваат – кажа Јанковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.