Откако неодамна врховниот суд ги укина пресудите за случајот „Ликвидација“ и предметот го врати на повторно судење, од Крвичниот суд информираат дека првото рочиште ќе се одржи на 2 јули.
Заради зголемен интерес на повеќе медиуми, ја информираме јавноста дека предметот во јавноста познат како „Ликвидација“ кој со решение на врховниот суд е вратен на повторно судење во Кривичниот суд и е закажан за 02 јули годинава“ – информираат од Кривичниот суд.
Овој предмет сега ќе го води судијата Осман Шабани. Ова значи дека на обвинителна клупа повторно ќе седне новинарот Томислав Кежаровски кој беше осуден на 4,5 години казна затвор, а потоа Апелација му ја намали казната на две години. Неодамна Здружението на новинари од обвинителството побара да го повлече обвинението против Кежаровски.
Од Здружението потсетија дека дека поради овој случај, Македонија како една од единствените земји која имаше новинар во затвор, беше посочена како неслободна земја во која не се почитуваат новинарските права и слободи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.