Малолетник загина вчера во сообраќајна незгода со село Марино, која се случила меѓу патничко возило и мопед, управуван од 15-годишникот, соопшти МВР.

„Вчера во 13:20 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на ул.500 во с.Марино, Скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило рено, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.И.(30) од Скопје и мопед априлиј“, со скопски регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од Скопје. Од здобиените повреди малолетникот починал на местото на незгодата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош“,

се наведува во соопштението на Министерството.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР-Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено за обдукција, а возилото било однесено на вонреден технички преглед.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.