Возачот на камион кој утрово загина во сообраќајна несреќа на автопатот Тракија во Бугарија, не е македонски државјанин.

Ве информираме дека амбасадата на Република Македонија во Софија направи дополнителни проверки, но според досега добиените податоци, нема информации за сообраќајна несреќа во која учествувал камион со регистарски таблички на Македонија, ниту за наш државјанин кој го загубил животот“, информираат од македонското МНР.

Портпаролот на Окружното обвинителство во Стара Загора, Георги Видев изјави дека загинатиот возач е државјанин на Црна Гора, а камионот што го управувал било со црногорски регистарски таблички.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.