На 13.01.2020 во 00.30 часот на магистралниот пат Ново Село – Смоларска крстосница, на излез од Ново Село, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „форд мондео“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(24) од село Рич, струмичко, и патничко возило „мерцедес бенз“, со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Ч.(23) од Ново Коњарево, струмичко.

Од здобиените повреди, во незгодата починал сопатникот во возилото „мерцедес бенз“, И.И.(21) од село Ново Коњарево, со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „форд мондео“, Д.Д. и сопатникот во истото возило И.С.(19) од село Рич, а В.Ч. се здобил со телесни повреди. Повредените биле префрлени во Медицински центар Струмица за укажување на лекарска помош. Увид на местото на незгодата извршиле Јавен обвинител и екипа на Полициската станица Струмица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.