На 19.09.2020 околу 15.40 часот на локален пат с.Матејче, Општина Липково, кумановско, трактор „урсус“, без регистарски ознаки, управуван од Б.И.(56) од с.Матејче, удрил во ѕид и се превртел.

Б.И. бил пренесен во Ургентен центар Куманово, каде од лекар била констатирана смрт – информираат од полицијата.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Куманово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.