Четириесет и четиригодишна жена загина во сообраќајната незгода што се случила вчера во 16.30 часот на автопат Скопје-Велес, кај с.Катланово, соопшти МВР.
Патничко возило „ауди 5“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Ф.Г.(44) од Богданци, излетало од патот. Во незгодата Ф.Г. се здобила со тешки телесни повреди и починала на местото. Смрт констатирал лекар, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.