Тракторист загинал вчера во Неготино, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
На патниот правец Неготино -село Курија се случила сообраќајна незгода во која Т.Е.(75) од Неготино, управувајќи трактор „ИМТ-539“, со неготински регистарски ознаки, изгубил контрола, излетал од коловозот и од здобиените повреди, починал на местото на незгодата. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, изјави Додевски.
Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.